МОБ

НУ. Македонската опера и балет (МОБ) е реномирана национална институција со повеќе децениска традиција во доближување на оперската и балетската уметност до македонската публика, институција која инспирира, забавува и едуцира, преку споделување на уметничкото искуство на познати и помалку познати оперски и балетски претстави од светското и националното музичко наследство, преку поставување на модерни и современи продукции, со што го подига квалитетот на животот во земјата и регионот. Свесна за значењето на општествената улога, Македонската опера и балет како одредница ги зема современите трендови во креативната индустрија континуирано стремејќи се да креира нова публика.